„ЕВН Снабдување“ освои над 70 проценти од отворениот пазар на електрична енергија за квалификуваните корисници кои веќе потпишаа договор за снабдување. Според доставените договори во Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН за снабдувач ја одбрале 115 компании, преостанатиот дел од пазарот им припадна на другите лиценцирани снабдувачи. Се чека да завршат тендерските постапки во 20 државни компании по кој ќе се знае и нивниот избор за снабдувач и конечниот процент на склучени договори на компаниите со лиценцираните снабдувачи. Задоволни сме, тоа е и повеќе од очекуваното со оглед дека на пазарот излегоа со свои понуди и други снабдувачи. Оние кои ни ја дадоа довербата го одбраа вистинскиот пат. ЕВН ќе им го понуди искуството од досегашното работење на домашниот пазар и од работењето на пазарот на ЕУ. До крајот на февруари, 222 компании во земјава со над 50 вработени и вкупен годишен приход не поголем од 10 милиони евра го избраа својот снабдувач на електрична енергија. Со ова се создадени условите од 1 април да стартува втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, соопштуваат од компанијата.
„ЕВН Снабдување“ освои над 70 проценти од отворениот пазар на електрична енергија за квалификуваните корисници кои веќе потпишаа договор за снабдување.
Според доставените договори во Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН за снабдувач ја одбрале 115 компании, преостанатиот дел од пазарот им припадна на другите лиценцирани снабдувачи. Се чека да завршат тендерските постапки во 20 државни компании по кој ќе се знае и нивниот избор за снабдувач и конечниот процент на склучени договори на компаниите со лиценцираните снабдувачи.
„Задоволни сме, тоа е и повеќе од очекуваното со оглед дека на пазарот излегоа со свои понуди и други снабдувачи. Оние кои ни ја дадоа довербата го одбраа вистинскиот пат. ЕВН ќе им го понуди искуството од досегашното работење на домашниот пазар и од работењето на пазарот на ЕУ. До крајот на февруари, 222 компании во земјава со над 50 вработени и вкупен годишен приход не поголем од 10 милиони евра го избраа својот снабдувач на електрична енергија. Со ова се создадени условите од 1 април да стартува втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија“, соопштуваат од компанијата.